Димка Митева

                                                           

 

 Родена сум покрај огниште (18 февруари) во планинското село Варварица, Струмичко, село во кое пиле не пропеало: кар, пусто, неплодно, без вода, струја и пат. Се живеело од стоката, но дошол денот козите ги уништиле, стоката ја зеле... И каде? Во градот? Ме зел татко ми под мишка на три години и по печест саати пеш ме донесува во Струмица. Многу брзо се снашол, го оформил своето образование и како чиновник ме шетал низ Македонија: Дебар, Гостивар, Скопје, и пак назад во Струмица.

Тука сум завршила основно и средно образование, а Филозовски факултет, група Славистика со Македонски јазик како втор главен предмет во Скопје.

  Лингвист, лексиколог, лексикограф, ономастичар, дијалектолог, граматичар, хроничар, библиограф.

         Родена сум покрај огниште (18 февруари) во планинското село Варварица, Струмичко, село во кое пиле не пропеало: кар, пусто, неплодно, без вода, струја и пат. Се живеело од стоката, но дошол денот козите ги уништиле, стоката ја зеле... И каде? Во градот? Ме зел татко ми под мишка на три години и по печест саати пеш ме донесува во Струмица. Многу брзо се снашол, го оформил своето образование и како чиновник ме шетал низ Македонија: Дебар, Гостивар, Скопје, и пак назад во Струмица.

       Тука сум завршила основно и средно образование, а Филозофски факултет, група Славистика со Македонски јазик како втор главен предмет во Скопје.

  Лексиколог, лексикограф, ономастичар, дијалектолог, граматичар, хроничар, био-библиограф.

Помогнато од

min_logo 1.png
min_logo 2.png

         Во 1971 година се вработив во Институтот за македонски јазик и тука ги поминав сите звања: од стажант до научен советник. Едновремено магистрирав на тема од областа на ономастиката и докторирав на филолошки науки на тема од областа на лексикологијата.

      Кога одам во Варварица неволно погледот го управувам кон високите карпи од кои изникнале ретки жилави дрвја желни за живот и несакајќи се споредувам со нив зашто сум родена во невозможни животни услови, а еве сега работам во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје.

         Во текот на мојот досегашен живот и работен век сум имала среќни и, за жал, несреќни моменти. Ако нешто сум постигнала сум го сторила тоа со многу труд и ќе кажам отворено со многу горчини, со многу отпори кои сега се минато определено свршено време, но кога биле во сила многу ја разнебитувале мојата душа. Како и да е еве сега овдека, на ова место, го објавувам мојот труд „Речник на синтагми, полуизрази и изрази“ (Од аспект на правилното дефинирање). Со карактер на СИНОНИМЕН.

         Читајте и судете сами!